Три дена исполнети со знаење, размена на искуства, професионални средби и нови идеи за развој и унапредување на сестринството.
Особено значајно за нас беше активното стручно учество на претставниците од ЈЗУ Општа болница Охрид,
кои преку своите излагања споделија искуства и предизвици од секојдневната сестринска практика:
-Билјана Андоноска – главна медицинска сестра на ЈЗУ Општа болница Охрид
„Сестринско лидерство во современиот здравствен систем“
-Милка Маленко – одговорна медицинска сестра на Хируршкото одделение
„Менаџирање на здравствената грижа во услови на дефицит на медицински персонал:
предизвици, стратегии и превенција на професионалната исцрпеност“
-Ангела Апостолска – медицинска сестра на Хируршкото одделение
„Влијанието на работниот стрес врз квалитетот на сестринската грижа“
Три различни теми, но со заедничка цел – силно сестринство, добра организација, професионален
развој и квалитетна и безбедна грижа за пациентите.
Посебна вредност на Конгресот беше присуството на младите генерации – идните медицински сестри и техничари.
Нашата одговорност е знаењето и искуството да ги пренесуваме понатаму, да ги поддржуваме младите и да создаваме генерации кои ќе ја развиваат и унапредуваат професијата.
„Професија што инспирира грижа, посветеност што менува животи.“
#Сестринство #Охрид2026 #МедицинскиСестри #ЈЗУОпштаБолницаОхрид #СестринскоЛидерство