Интерното одделение при ЈЗУ Општа болница се карактеризира со висока фрекфенција
на пациенти како од нашиот град така и од регионот, кои добиваат амбулантска и интрахоспитална нега.
Последен пат одделот бил реновиран во 1978 год., а со овај зафат беше опфатено осовременување на
болничките соби, работните простории, кабинетите, санитарните јазли и замена на надворешната столарија.
Преку реализација на овој проект се подобруваат квалитетот на здравствените услуги и
условите за работа, се намалува ризикот за интрахоспитални инфекции и се зголемува енергетската ефикасност.
Вкупната вредност на проектот изнесува 4.500.000 денари обезбедени од сопствена и од донаторска сметка.
В.Д. Директорот Спец Д-р Горан Маркоски изрази благодарност до донаторите: "Пе-Пулс", "Отпад-Охрид",
"АСП-ПАК", Кибопласт инжинеринг", "Инфо-Биро ДОО", како и до вработените на интерното одделение за нивната лична заложба.