ЈЗУ Општа Болница Охрид доби донација на медицински помагала кои ќе придонесат за подобрување на грижата за нашите пациенти

  Во рамките на донацијата обезбедени се:

  🔹 3 кислородни концентратори

  🔹 2 дубаци без тркалца

  🔹 13 дубаци со тркалца

  🔹 5 инвалидски колички – обезбедени преку "Letz Catz“ и Здружението за ретки болести,

  и

  🔹 10 инвалидски колички – донација од „Кипер Маркети“

  

  Овие медицински помагала ќе бидат ставени во функција на пациентите на кои им е потребна поддршка при движење, рехабилитација со што директно се подобруваат условите за нивно лекување и закрепнување.

  ЈЗУ Општа Болница Охрид упатува искрена благодарност до донаторите за покажаната општествена одговорност, хуманост и поддршка на здравствениот систем

  Благодарност до сите кои придонесуваат за подобро и похумано здравство.

  ЈЗУ Општа Болница Охрид 🏥❤️