Вредна донација за нашите најмили, новородените!

  ЈЗУ Општа Болница Охрид упатува искрена благодарност до „ДАМЧЕВСКИ“ ДООЕЛ за донацијата на мобилен грејач за новороденчиња NINGBO DAVID – Warmer, наменет за потребите на нашите најмали пациенти.

  Овој современ медицински апарат претставува значајно унапредување на условите за згрижување и обезбедување соодветна термичка заштита на новороденчињата, особено во нивните најчувствителни моменти.

  Донациите од општествено одговорни компании се од особено значење за нашата здравствена установа и претставуваат вистински пример за грижа кон заедницата и поддршка на здравствениот систем.

  Заеднички, создаваме подобри услови и посигурна грижа за нашите најмали пациенти.

  ЈЗУ Општа Болница Охрид

  Грижата за здравјето – наша заедничка одговорност.