Со ова се решава еден од најосетливите проблеми во нашата Општина кој ги засегаше најмладите пациенти. Конечно децата од Охрид ноќе,
во викенди и за празници нема да мора да патуваат во околните градови, тука потребните здравствени услуги ќе ги добиваат во охридската болница.
На Одделението моментално се ангажирани шест доктори специјалисти педијатри од кои двајца со консултантски договор и еден доктор со
договор од друга здравствена институција. Исто така пет доктори се моментално на специјализација. Фрекфенцијата на пациенти подразбира 50-тина прегледи дневно,
бројот на прегледи е значително поголем за време на викенди, кога не работат матичните лекари. Најголем број од дечињата ги водиме преку Дневна болница и во
моментов имаме околу 30-тина. Имаме зголемена фрекфенција на пациенти во ноќните часови, после 22 часот.
Во претходните месеци се извршени и одредени реновирања и санации за да се создадат оптимални услови. Се изврши санација на санитарните јазли,
се изврши молерисување на целото Одделение. Во моментов се изготвува проект за целосно реновирање на ова Одделение со што следната година ова ќе прерасне во
едно од поубавите Детски одделенија во нашата држава. Апелирам и до граѓаните на Општина Охрид да го користат прво примарното здравство односно матичните лекари
за да не се создава голема гужва на одделението. Доколку има потреба одделението е отворено 24 часа, изјави Д-р Горан Маркоски.