Диспанзер за кожно венерични заболувања

Диспанзерот за кожно венерични заболувања Охрид спроведува специјалистичко - консултативна дејност со што се овозможуваат превентивни, дијагностички и тераписки здравствени услуги од областа на дерматовенерологијата.

Вкупниот број на вработен персонал со кој располага диспанзерот е 7 од кои: два доктори специјалисти по дерматовенерологија, еден доктор по општа пракса на специјализација, три медицински сестри и една хигиеничарка.

Организациони единици на диспанзерот за кожно венерични заболувања:

• шалтер и простор за прием на пациенти

• две амбуланти кои се во функција : aмбуланта 1 и амбуланта 2

• кабинет за микологија

• просторија за интервенции во која спаѓаат:

• дневна болница

• простор за преврски и тоалета

• простор за криотерапија и други видови на мануелна дерматохирургија

•простор за земање крв за изработка на имунолошки испитувања на алергии

Дијагностички и терапевтски постапки:

1. Специјалистички прегледи ( дијагноза и терапија на болести на кожата и кожните аднекси (косата, ноктите) ; дијагноза и терапија на сексуално преносливи болести )

2. Правење на препарати со калиум хидроксид (миколошки примерок) за микроскопско докажување на габични инфекции

3. Криотерапија и мануелна дерматохирургија на:

➢ Клавуси

➢ Веруки

➢ Кондиломи

➢ Преканцерозни и бенигни состојби на кожата

4. Автохемотерапија (процедура која се изведува кај хронични уртикарии и пруритус)

5. Локална апликација на ампула Dexason кај Alopecia areata субкутано со повеќе убоди на алопетичните жаришта

6. Електрокаутризација

7. Земање на брис од промени на кожата како и нивна содржина за микробиолошки испитувања

8. Интравенска и интрамускулна апликација на инфузии и инjекции во дневна болница

9. Преврски и тоалета на венски и артериски улцери со лепенки Suprasorb и Convatex, станицидни гази и Spray Granudacyn

10. Преврска и тоалета на изгореници – combustionеs, булозни дерматози, хиперкератотични (рагадиформни) екцеми, длабоки миколошки промени (Tinea profunda)

11. Третирање на фурункули, карбункули, апцеси, флегмони, хипостатички дерматити на потколеници

Апаратура и инвентар со кои располага диспанзерот:

1. 15 литарски контењер за течен азот

2. Електронски микроскоп Nikon YS 100

3. Електрокаутер

4. 2 болнички кревети во дневна болница и 4 амбулантски кревети за интервенции и прегледи

5. 3 компјутери

6. Стерилизатор

7. 3 помошни медицински ламби

Раководител на диспанзерот за кожно венерични заболувања Охрид

Спец. Д-р Дубравка Бунташеска Спасеска

Диспанзерот ги покрива Општините Охрид и Струга, Центар Жупа како и Дебар и Ресен

============================================================= -->