Во рамките на кампањата “Ти си редок херој”, претседателките на здруженијата за
ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола( г-ѓа Весна Алексовска) и РЕТКО Е
ДА СИ РЕДОК Охрид (г-ѓа Гордана Лолеска) остварија средба со директорот на
Јавната здравствена установа Општа болница Охрид, д-р Асен Шајн.
Општа болница Охрид секогаш е посветена на квалитетна нега за сите пациенти,
вклучувајќи ги и оние со ретки болести. Нашата соработка со здруженијата е од
големо значење за подобрување на услугите и поддршката за пациентите, изјави
директорот на ЈЗУ Општа болница Охрид, д-р Асен Шајн.
Разговарано беше за капацитетот на нашата болница во однос на дијагноза,
контрола, следење и терапија за пациентите, за предизвиците со кои се соочуваме и
идна соработка. Поделивме флаери и постери во различните одделенија на
болницата со цел подигнување на свеста за ретките болести и навремена дијагноза,
следење и терапија на истите.
Кампањата е поддржана од Здружението на лекари по општа семејна медицина -
ЗЛОСМ.
Посетата во Охрид е направена со помош на претседателката на здружението РЕТКО
Е ДА СИ РЕДОК Охрид, г-ѓа Гордана Лолеска.
Сите материјали од кампањата се достапни на следниот линк на македонски и
албански јазик:
Повеќе...