По околу 45 години започна реновирање на Одделот за внатрешни заболувања при ЈЗУ Општа Болница Охрид

Snow

  

   После околу 45 години, започна реновирање на одделот за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при ЈЗУ Општа болница Охрид. Интерното одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид претставува регионален центар за општа и специјалистичка интернистичка патологија која се карактеризира со висока фрекфенција на пациенти кои имаат честа потреба од хоспитализација. Последниот пат одделот бил реновиран во 1978 год. и поради тоа, отпочна комплетно реновирање, вклучувајќи осовременување на болничките соби, работни простории, кабинетите, санитарните јазли и замена на надворешна столарија. Иницијатива за реализација на овој проект е раководителот на одделот за внатрешни заболување и пнеумофтизиологија Д-р Виолета Целеска со голема поддршка на Директорот на Установата, д-р Асен Шајн. За таа цел се издвоени 2.900.000,00 ден од сопствена сметка и 1.300.000,00 ден. се добиени како донација од опшествени одговорни компании кои ќе бидат намемети за замена на надворешната столарија. Преку реализација на овој проект, се стремиме кон подобрување на квалитетот на здравствени услуги и условите за работа, намалување на ризикот за интрахоспитални инфекции, истовремено зголемувајќи го задоволството на пациентите, имедицинскиот персонал и подобрување на енергетската ефикасност.