Примопредавање на функцијата директор на ЈЗУ Општа болница Охрид

  Денеска во просториите на административната зграда при ЈЗУ Општа болница Охрид, во пријатна работна атмосфера се изврши примопредавање на функцијата Директор на Установата. Досегашниот Директор д-р Асен Шајн ја предаде должоста на В.Д. Директор д-р Горан Маркоски, со желби за понатамошен успех и континуитет во работата.

  Ова примопредавање означува продолжување на посветеноста кон квалитетна здравствена нега и задоволството на пациенти. Процесот на надградба на квалитетната здравствена заштита ќе биде приоритет во иднина, со фокус на иновации и одговорност кон заедницата.