Средба со претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Д-р Љубиша Каранфиловски

  На 01.11.2024 во просториите на ЈЗУ Општа Болница Охрид се одржа конструктивна средба со Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Д-р Љубиша Каранфиловски.
  Претседателот Каранфиловски ги презентираше активностите на Самостојниот синдикат за здравство во процесот на потребата и преговорите за зголемување на платите на здраствените работници.
  Од страна на В.Д. Директорот на ЈЗУ ОБ Охрид беа презентирани актуелните проблеми со кои се соочува болницата во однос на недостаток на медицински кадар, а исто така Д-р Маркоски даде безрезервна подршка за почитување на правата на вработените.