ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ 60-ти РОДЕНДЕН

  Шест децении најстарата секундарна здравствена установа во регионот – Медицинскиот центар во Охрид, се грижи за здравјето на пациентите од градот и пошироката околина, втемелувајќи ги основите на современ организиран здравствен систем на овие простори.

  "Денес на прославата на 60 години од постоењето на оваа болница ние како наследници на нашите постари колеги кои биле дел од почетоците на нашата установа можеме само да испратиме силна порака дека нивната идеја и нивниот аманет се живи до ден денес, а наша морална, општествена и човечка одговорност е да ја пренесеме пораката за најблагородната работа на светот на идните генерации, рече директорот на установата Др. Горан Маркоски."

  Посочи дека сегашната генерација медицински персонал има должност да го чува и да се грижи за здравјето на нашите сограѓани, пријатели, соседи и сограѓани.

  "Упатувам апел до нашите помлади колеги да се придружат на нашите редови, да останат дома, затоа што лекувањето и спасувањето на животот на нашиот најблизок со ништо не може да се замени", додаде Др. Маркоски.

  "Среќен сум што можам лично да им се заблагодарам на докторите од кои ги црпев првите професионални искуства и од кои имав можност, со некои пократко, а со некои подолго да соработувам.Голема благодарност на медицинските сестри, техничарите, болничарите, хигиеничарите, возачите, техничкиот сервис и управата кои низ историјата на болницата го дале својот придонес, истакна познатиот охридски хирург Др. Диел Аголи, син на еден од основачите на охридскиот Медицински центар, Др. Петрит Аголи.

Д-р Горан Маркоски

По повод јубилејот 60 години постоење на Медицински центар Охрид, беше направен документарен филм, кој може да го погледнете на следниов линк:

КЛИКНЕТЕ ЗА ДА ГО ОТВОРИТЕ ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ