ЈЗУ Општа Болница Охрид со значајна донација во одделот за Оториноларингологија

  ЈЗУ Општа болница Охрид доби донација на одделот за Оториноларингологија - ФИБЕРЕНДОСКОПСКИ АПАРАТ , со вредност од околу 12.000 €.

  Директорот Др. Асен Шајн кажа дека оваа донација е од огромно значење како за болницата така и за пациентите.

  Раковододителот на одделот Др. Билјана Кичеец изјави дека Фиберендоскопијата овозможува брза, лесна и точна дијагностика при отоларинголошки преглед.

  Дијагностиката е безболна и краткотрајна со минимална соработка на пациентот.

  Денес флексибилната оптичка ендоскопија претставува златен стандард во дијагностика на болести на нос и грло.

  Исто така се користи за дијагностика кај деца, за рано откривање на зголемен трет крајник.

  Фиберендоскопијата служи за дијагностика на:

        - Воспаление на нос и синуси

        - Алергиски болести на нос и синуси

        - Хипертрофија на трет крајник

        - Болести на еустахиева туба и средно уво

        - Тумори на нос, синуси и фарингс

        - Носни полипози

        - Болести на гласни жици и грло