На одделението за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при ЈЗУ Општа Болница Охрид беше дониран
апарат Body composition analyzer Inbody 270, кој се користи во Центрите за обезност во нашата држава и е наменет за мерење,
анализа и следење на процентот и видот на масното ткиво , процентот на мускулна маса и количината на вода, пред се кај
пациенти со обезност.
Апаратот исто така дава прецизни податоци за телесната тежина, индексот на телесна маса, прави проценка на
здравствените ризици и овозможува нивно следење во одредени временски интервали.
Со ова се овозможува Центарот за дијабет воедно да функционира и како Центар за обезност при што овој апарат
значајно ќе придонесе за квалитетот на третманот на пациентите.