Со донација подобрена енергетска ефикасност на дел од објектите во ЈЗУ Општа болница-Охрид

   ЈЗУ Општа болница Охрид изразува искрена благодарност кон компанијата ДООЕЛ „Трпе Инвест“ – Охрид за донирани финансиски средства, како и кон Хотел ,,Амбасадор“ – Охрид за донирани градежни материјали со цел за подобрување на енергетската ефикасност.

  Со задоволство ја информираме јавноста дека благодарение на нивната несебична поддршка, успешно беше завршена замена на надворешна столарија од зградата на Оддел за Инфектологија и дел на одделението за Радиологија. Со оваа замена значително ќе се подобрат условите за работа и ќе се зголеми енергетската ефикасност на наведените објекти.

  Во името на целиот тим на ЈЗУ Општа болница Охрид, се заблагодаруваме на ДООЕЛ „Трпе Инвест“ – Охрид и Хотел ,,Амбасадор“ – Охрид за поддршката и посветеност кон здравствената институција