ЈЗУ Општа болница Охрид е една од поголемите стационарни установи
која обезбедува краткорочна и долгорочна медицинска нега која се состои од опсервација,
дијагностички, терапевтски и рехабилитациони услуги обезбедени за лицата кои боледуваат или
се претпоставува дека се болни од некоја болест или повреда, како и услугите кои ги нуди за
мајките и нивните новороденчиња. Целта е пружање на што поквалитетна, поефикасна и ефективна
здравствена заштита како и поголем обем на услуги од болничкиот сектор каде се планира
оптимизирање на капацитетите со оптимално задржување во болницата, како и унапредување на
дијагностичките и терапевските дисциплини и процедури.
ЈЗУ општа болница Охрид дава услуги од секундарно ниво на
здравствена заштита, која е обезбедена преку стручната служба, или на нивото на заштита каде
што е потребно специјализирана нега во сложени услови преку:
- Специјалистичко консултативна дејност
- Дневна болница
- Болничко лекување
Дејноста на болницата, започнува со интеграцијата на целокупното
здравство во општината Охрид, во далечната 1946 година, а како ЗРО Медицински центар Охрид е
основана во 1964 година, а од 03.08.2005 година се трансформира во Јавна здравствена
установа Општа болница Охрид.
ЈЗУ Општа болница Охрид, обезбедува и извршува здравствена заштита
на населението од општината Охрид, а согласно законските прописи и на новоформираната
општина Дебарца со околу 60.000 жители.
Располагаме со вкупна површина од 9 хектари, од кои под објекти 7613 м2 во основа, а етажно
11825 м2 изградена површина во функција на здравствена заштита (болнички блокови со
придружна инфраструктура). Повеќето од објектите изградени се пред повеќе од четириесет
години меѓутоа изминатите две години се вложија финансиски средства за реконструкција,
реновирања и модернизација на постоечките просторни капацитети.
Во летниот педиод Охрид претставува втор политички, економски и културен центар во државата,
со зголемен број на гости и туристи, а чии број дневно е поголем за 30.000 до 50.000
посетители.
Преку целата година Охрид е домаќин на многу меѓународни самити, стручни семинари, конгреси,
спортски манифестации, припреми на спортски екипи од различни области, секции од најразлични
научно културни дејности.
ЈЗУ Општа болница Охрид се наоѓа во граничниот појас, односно на 30
км од границата со Република Албанија. Бидејќи настојуваме да го доближиме своето работење
што понепосредно до повеќе кориснсици на здравствените услуги, се стремиме да обезбедиме
пружање на стручна медицинска помош и на пациенти од Р. Албанија, а посебно од реонот на
Корча и Поградец.
Во нашата установа гравитира и население од околните општини: Струга, Ресен и Кичево во
Центарот за дијабет, отсек за метално здравје, аудиолошкиот кабинет, инфективното одделение,
неуропсихијатриско и геријатриското одделение, Центарот за наркозависници кои ги нема во
горенаведените општини.
Вкупниот број на вработени е 475 од кои: доктори спец 66, доктори на специјализација 28,
доктор на медицина 4, дипломирани фармацевти 5, здравствени соработници 11, дипломирани
медидицински сестри 41, дипломирана акушерка 8, дипломирни физиотерапевти 10, дипломиран
лаборант 7, дипломиран РТГ 6, виш здраствен работник 3, медицински сестри 121, акушерки 12,
медицински лаборанти 11 , фармацевтски техничар 2.
Вкупен број на здравствени работници и соработници 335
Помошно технички лица -103
Административни службеници-37
Од 2018 до 2023 по разни основи болницата ја напуштиле вкупно 128 вработени
Реализирани вработувања 2018-2023 119
Обем на услуги за предходната календарска година / 2022
Вкупен број на пациенти кои биле болнички лекувани во 2022 година е 5975 пациенти.
Реализирани хируршки захвати 1139.
Интервенции- 3189
Амбулантски прегледи 135385.
Должина на болнички престој 7 денови,
Искористеност на болнички кревети 71%.
Вкупен број на болнички постели-163
Организацијата на работата на Општата болница се заснова врз начелата на достапност,
рационалност, ефикасност и континуираност на здравствената заштита.
Институциојата се составена од 17 оддели /одделенија
• Оддел за анестезија, реанимација и интензивно лекување
• Оддел за општа хирургија
• Оддел за оперативен блок
• Оддел за интерна медицина со пнеумофтизиологија
• Оддел за гинекологија и акушерство со постнатално згрижување
• Оддел за детски болести
• Оддел за урологија
• Оддел за оториноларингологија
• Оддел за невропсихијатрија
• Оддел за инфектологија
• Оддел за геријатрија
• Оддел за биохемиско-лабораториска медицина и патолошка анатомија
• Одделение за радиодијагностика
• Одделение за офталмологија
• Одделение за физикална медицина и рехабилитација
• Одделение за дерматовенерологија
• Болничка аптека со изработка на галенски и магистрални препарати и инфузиони раствори